Тенис
17. August 2015 - 11:35

Ѓорческа напредуваше во двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела на ВТА листата го подобри својот ранг во конкуренција на двојки. Таа се наоѓа на 278 место со 214 поени и има скок од две места. Во сингл конкуренција се наоѓа на 360 место (пад за две места) со вкупно 100 поени. Во сингл се очекува на следното рангирање таа да напредува за неколку места (околу 10).

Магдалена Стоилковска е втората македонска тенисерка со ранг. Во сингл со 3 поени се наоѓа на 1.232 место, додека во двојки е на 926 место.