Тенис
4. August 2016 - 14:24

Ѓорческа ќе игра на квалификациите на УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доби покана за настап во квалификациите за четвртиот Грен слем турнир годинава УС Опен што се игра во Њујорк. Ѓорческа на листата од квалификациите е рангирана како 108.ма, со рангот што го имаше кога беше на 215 место на ВТА листата.
 
Според пласманот во квалификациите ќе играат 128 тенисерки, а на таа листа се наоѓаат 119 тенисерки според пласманот на ВТА листата, а другите девет места организаторот ќе ги пополни со „вајлд карти“ и специјални покани. Лани најдобрите 16 од квалификациите изборија пласман на главниот турнир и ќе треба да остварат три победи.
Ѓорческа пред настапот на квалификациите на УС Опен е пријавена да игра на фјучрсот во германскиот град Лајпциг.
 
Од македонските тенисери досега само Александар Китинов има настап на Грен слем турнир во двојки и мешани двојки и тоа во четвртфинални мечеви, додека во поединечна конкуренција има настапувано и во квалификации на Грен слем турнир.