-->
-->
Ѓорческа ја постигна првата победа во Мелбурн
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари првата победа во квалификациите на Гренд слемот во Мелбурн, Австралија Опен. Таа во првото коло ја победи 135.та на ВТА листата Саша Викери од САД (18.носителка) со 2-1 во сетови. Мечот траеше 100 минути.
Првиот сет нашата тенисерка го доби со 6:2 во гемови, а противничката беше поуспешна со 6:3 во вториот сет. Во третиот сет Ѓорческа беше подобра со 6:3.
Ѓорческа имаше 11 ас сервиси, а освои шест поени повеќе од ривалката (99:93).
Во следното коло од квалификациите ќе игра против 18.годишната Унгарка Далма Галфи, која ноќеска ја победи Британката Тара Мур со 2-1 во сетови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори