Тенис
14. April 2016 - 13:57

Ѓорческа избори полуфинале на фјучрсот во Истанбул (50.000 долари)

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Истанбул (тврда подлога, 50.000 долари). Таа во денешното четвртфинале ја победи седмата носителка Романката Кристина Дину со 2:1 во сетови (1:6; 6:3; 6:4). Мечот траеше 1 час и 46 минути.

Утре во полуфиналето ќе игра против Барбора Стефкова (246.место ВТА) од Чешка. Стефкова во полуфиналето се пласра откако ривалката Александра Каданту од Романија го предаде мечот при резултат 6-2 и 3-1 во вториот сет.

Во текот на мечот Ѓорческа имаше подобра искористеност на брејк топките 3/6, додека Дину имаше 3/12. Со овој триумф нашата тенисерка ја постигна првата победа над Романката откако претходните два меча во Анталија и Галаци ги загуби. Мала утеха за романската тенисерка е што освои повеќе поени во мечот 84:80.

Ѓорческа решавачките брејк гемови ги имаше во осмиот гем во вториот сет и во седмиот гем во тертиот сет. Таа при резултат 5:3 во третиот сет на сервис на Дину не искористи две меч топки, а потоа ја искористи втората меч топка на свој сервис (вкупно четврта во мечот).

Ѓорческа досега на турнирот одигра шест мечеви во сингл (три во квалификации и три на главниот турнир).

Против тенисерката од Чешка Стефкова нашата тенсиерка има одиграно еден меч на фјучрс во Брчко во 2014 година и го има загубено со 2:0 во сетови (7:5 и 7:5).