Тенис
31. October 2016 - 15:13

Ѓорческа и оваа недела број 200 на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ранг листа на ВТА нема промена и остана на 200.та позиција, додека најдобра тенисерка за 2016 година е Германката Анжелик Кербер. Ѓорческа остана со 274 поени во поединечна конкуренција, а во конкуренција на двојки се наоѓа на 137 место и има скок од две места со 504 поени. 
Втората македонска тенисрка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1156 место со 5 поени, додека во игра на двојки се наоѓа на 1082 место со 12 поена.
 
На врвот на ВТА листата Кербер е прва со 9080 поени, пред Серена Вилијамс која има 7050, Агнешка Радванска е трета со 5600, Симона Халеп има 5228, додека на петтото место е победничката на Мастерсот Доминика Чибулкова со 4875.