Тенис
9. јуни 2016 - 12:44

Ѓорческа и Дину без борба во финалето во двојки во Падова

Македонско-романската комбинација Лина Ѓорческа - Кристина Дину ќе играат во финалето на фјучрсот во Падова (25.000 долари) откако нивните ривалки го предадоа полуфинаниот меч. тие требаа да играат против Надја Подороска (Аргентина) - Жил Тајхман (Швајцарија). 

Финалето на програмата е попладнево, а во второто полуфинале играат: Алис Матаучи - Катарина Питер против Јаселин Бонавентуре - Ања Врљиќ.
Во поединечна конкуренција во 2.коло Ѓорческа најверојатно утре ќе игра против првата носителка Бонавентуре од Белгија која денеска во продолжението на мечот ја победи Мартина ди Џузепе со 2-1 во сетови во решвачакиот беше 7:5 во гемови што значи дека ги доби трите денешни гема.