Тенис
22. October 2016 - 10:32

Ѓорческа го заврши настапот во Египет

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со два пораза во четвртфиналето во двете конкуренции (сингл и двојки) го заврши настапот на фјучрсот во Египет. Таа синоќа во играта на двојки со Кристина Дину (Романија) загубија од Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајчман (Швајцарија) со 2:0 во сетови (6:2 и 6:3).
Претходно по голема борба во четвртфиналето со 2-1 во сетови (5:7; 6:3 и 6:3) загуби и петтата носителка Сара Сорибес Тормо.
Македонската тенисерка во понеделник на ВТА листата ќе направи скок особено што во рангирањето ќе и бидат пресметани резултатите постигнати и на фјучрсот во Италија, на кој настапи претходната недела.