Тенис
10. May 2017 - 17:06

Ѓорческа експресно до четвртфиналето на фјучрсот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Рим (награден фонд 25.000 долари) откако во второто коло без загубен гем ја совлада Романката Габриела Дука со 2-0 во сетови (6:0 и 6:0). Ѓорческа на турнирот е рангирана како втора носителка и ја потврди улогата на фаворитка во овој меч.
Таа во четвртфиналето ќе игра против Даниел Сегуел од Чиле (шеста носителка), која денеска ја победи Екатерине Горгодзе (Грузија) со 2-1 во сетови (6:7 (6:8); 7:6 (7:4) и 6:0).
Ѓорческа на овој турнир настапува само во поединечна конкуренција.