Тенис
27. April 2016 - 17:06

Ѓорческа без проблем во четвртфиналето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Маниса, Турција што се игра за награден фонд од 10.000 долари. Таа денеска во мечот од второто коло ја победи Керстин Пекл Од Австрија со 2:0 во сетови.
Двата сета нашата тенисерка ги доби со 6:3 и 6:4 во гемови, а мечот траеше 74 минути.
Противничка во четвртфиналето ќе и биде Тереза Коларова од Чешка, која денеска беше поуспешна од Елени Данилиду од Грција (6.та носителка) со 7:5 и 6:2 во гемови. Коларова има 18 години и се наоѓа на 1.271 место на ВТА листата.