-->
-->
Ѓорческа без проблем до полуфиналето
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Маниса, Турција што се игра за награден фонд од 10.000 долари. Нашата тенисерка денска ја победи Тереза Коларова од Чешка со 2:0 во сетови.
Двата сета Ѓорческа ги доби со 6:2 во гемови и притоа искористи 4 од 15 брејк топки, додека Коларова имаше 0/1. Мечот траеше 65 минути.
Утре во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против Наташа Бредл од Австрија, која денеска ја победи осмата носителка Петија Аршинкова од Бугарија со 2:1 во сетови. Бредл се наоѓа на 1007.место на ВТА листата и Ѓорческа која е прва носителка на турнирот ќе ја има улогата на фаворитка во полуфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност