Македонија
7. December 2015 - 13:03

Ѓорче Петров ќе избира најубаво украсен двор, тераса и куќа

Општина „Ѓорче Петров“ и годинава ќе избира најубаво новогодишно украсени двор, куќа и тераса.

Како што информираат од Општината, ѓорчепетровци можат да се јават на телефоните 2044-411 или лично во општината каде што ќе можат да потполнат пријави. Крајниот рок за пријавување е 26 декември. За најдобрите Општината ќе обезбеди вредни награди.