Македонија
3. September 2016 - 17:19

Ѓомлезе, разни видови на сирење, домашен мед - Дел од охридска софра

Промоцијата на традиционалната храна и надалеку познатиот специјалитет ѓомлезе ,разни видови на сирење ,домашен мед и земјоделските производи беа дел од Охридска софра. Излетничкото место кај селото Скребатно и оваа година привлече огромен број на посетители и туристи. Манифестацијата со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона, има за цел да ја збогати  понудата на градот.

Годинава, во натпреварувачкиот дел за подготовка на ѓомлезето пријавени беа  15 учесници кои ги покажаа своите знаења и вештини.

Станува збор за манифестација која е продолжување на традициите врз кои се темели нашиот рурален развој.