Тенис
18. November 2018 - 10:25

Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Лондон против Зверев

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа се пласираше во финалето на завршниот мастерс во Лондон откако го победи во полуфиналето Јужноариканецот Кевин Андерсон со 6:2, 6:2.

Ѓоковиќ за својата шеста титула на завршен мастер ќе се бори против Германецот Александар Зверев, кој претходно вчера го елиминираше Швајцарецот Роже Федерер.
 
Српскиот тенисер до своето седмо финале на завршен АТП турнир стигна по час и 15 минути игра.