Тенис
28. јуни 2017 - 16:26

Ѓоковиќ во 3. коло во Истбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ  кој за првпат настапува во Истбурн успеа да се пласира во 3. коло на подготвителниот турнир за Вимблдон. 

Ѓоковиќ успеа во 2 сета со 6-4 и 6-3 да го совлада Васек Поспишил од Канада и во следната рунда ќе игра со победникот од мечот Јанг- Доналдсон.