Ѓоковиќ со победа над Алкараз обезбеди финале на Завршниот мастерс во Торино
Новак Ѓоковиќ преку Карлос Алкараз избори пласман во финалето на Завршниот мастерс во Торино. Негов противник во обид да ја освои рекордната седма титула на овој турнир ќе му биде домашниот фаворит Јаник Синер, кој претходно го победи Данил Медведев.
Публиката во Торино очекуваше уште еден епски меч, какви што беа нивните соочувања во Мадрид, Вимблдон и Синсинати, меѓу првиот и вториот играч на АТП листата, но доби „one man show“.
Ѓоковиќ славеше за само 88 минути со 6:3, 6:2 и само потврди дека Алкараз не е на потребното ниво во финишот на сезоната.
Неверојатно сигурен беше Ѓоковиќ во текот на целиот меч. Му дозволи на Алкараз две брејк топки во првиот гем и уште две во шестиот гем од вториот сет. Четирите брејк топки ги спаси со добри сервиси.
Од друга страна Србинот дојде до брејк во седмиот гем од првиот сет, а потоа во третиот и седмиот гем од вториот сет.
Нестварно делува податокот дека Ѓоковиќ во текот на целиот меч имаше само осум неизнудени грешки, Алкараз имаше 14 повеќе.
Финалето Синер-Ѓоковиќ, утре ќе започне во 18 часот.
Ново на Сител
-
Вишковиќ: Шмит ќе мора да сведочи во судскиот процес против Додик
-
САД го поздравија договорот за размена на затвореници меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Министрите од арапските земји бараат итен прекин на непријателствата во Газа
-
Бајден оди во Калифорнија да собира средства за својата изборна кампања
-
Израел и САД ги отфрлаат повиците за итен прекин на огнот во Газа
-
Киев известува за осум повредени додека Русија продолжува да користи стратешки бомбардери
-
Вања била ставена во вреќа за спиење во подрумот на нејзината зграда
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер