Loading Video...
Тенис
2. November 2019 - 17:29

Ѓоковиќ - Шаповалов во финалето во Париз

Србинот  Новак Ѓоковиќ и Канаѓанецот  Денис Шаповалов ќе играат во финалето на АПТ Мастерс турнирот во Париз,
 
Во првиот полуфинален меч Ѓоковиќ беше подобар од Бугаринот, Григор Димитров во два сета. 
 
Првиот го доби во тај-брејкот со 7-5 на поени, а вториот со 6-4.
 
Противникот на Ѓоковиќ во утрешното финале Канаѓанецот , Шаповалов без борба го доби полуфиналниот меч со Рафаел Надал, откако Шпанецот истиот го предаде поради повреда здобиена на тренингот.