Loading Video...
Спорт плус
13. January 2020 - 16:12

Ѓоковиќ се поблиску до Надал во трката за првата позиција на АТП листата

По настапот и триумфот на првото издание на АТП Купот со селекцијата на Србија, Новак Ѓоковиќ ја намали предноста на Шпанецот, Рафаел Надал во трката за првото место на АТП ранг листата. 
 
Ѓоковиќ во вчера го победи надал во сингл мечот од финалето на АТП купот, сега има само 515 бодови помалку од Шпанецот, а далеку зад нив е трето рангираниот Роџер Федерер.
 
Во „ТОП 10“ има четири промени и тоа Русинот, Медведев ја презеде четвртата позиција од Австриецот, Тием, додека Баутиста Агут сега е деветти, а Французинот, Монфис падна на десеттото место. 
 
Кај дамите и натаму Австралијанката, Берти е на лидерското место пред Плишкова, односно Осака која сега е трето рангирана. 
 
Победата во Оукленд, на Серена Вилијамс и донесе место погоре, па Американката сега е на деветтата позиција на ВТА листата