Тенис
2. March 2017 - 9:16

Ѓоковиќ се „извади“ против дел Потро

Новк Ѓоковиќ оствари тешка победа од 2-1 против Хуан Мартин дел Потро и се пласира во четвртфиналето на турнирот што се игра во мексиканското летувалиште Акапулко.

Ѓоковиќ имаше многу проблеми во мечот со Аргентинецот кој го доби првиот сет со 6-4 а во третиот дел Потро имаше и брејк за 5-4 и кога се очекуваше да го добие мечот Србинот го врати брејкот а потоа освои уште два гема во серија за 6-4 со што успеа од амбисот да дојде до триумф.
Следен противник на Ноле ќе му биде Ник Кирјос кој лесно во 2 сета го елиминира Доналд Јанг.