Loading Video...
Тенис
20. August 2018 - 10:30

Ѓоковиќ прв и единствен освојувач на „Златниот мастерс“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на турирот во Синсинати совладувајќи го во два сета Роже Федерер со 6-4 и 6-4 со што за првпат го освои овој турнир во кариерата.
Успехот на Ѓоковиќ е извонреден бидејќи е првиот тенисер што ги освоил сите 9 турнири од Мастерс серијата што му го донесе трофејот Златен мастерс.
Ова му е инаку вкупно 70-та титула во кариерата и 31-ва на мастерс турнирите.