Тенис
26. January 2016 - 14:14

Ѓоковиќ против Федерер во 1/2 финалето на АО

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, е вториот полуфиналист на Австралија опен
 
Ѓоковиќ во само три сета го победи Кеи Нишикори од Јапонија со 6-3, 6-2 и 6-4, во меч кој траеше нешто повеќе од два часа,
 
Ѓоковиќ за противник во 1/2 фианлето ќе го има Швајцарецот, Роџер федерер кој беше подобар од Томаш Бердиќ.
 
Кој ќе биде вториот полуфинален пар, ќе дознаеме утре по одигрувањето на последните два 1/4-финални мечеви во кои ќе се сретнат, Енди Мареј - Давид Ферер и Џил Монфилс - Милош Раониќ.