Loading Video...
Тенис
14. July 2018 - 16:50

Ѓоковиќ преку Надал обезбеди место во финалето на Вимблдон

Србинот Новак Ѓоковиќ (12.носител) е вториот финалист во машка конкуренција на Вимблдон. 
 
Во дуелот од полуфиналето кое се играше во два дена, Ѓоковиќ го совлада големиот ривал Рафаел Надал, Шпанија со 3:2 во сетови. 
 
Синоќа беа одиграни три сета по кои Србинот оствари предност од 2:1, па попладнево во продолжението на мечот, Надал со два брејка на сервис на Ѓоковиќ, го доби сетот со 6-3 за израмнување на 2:2 во сетови.
 
Во решавачкиот петти сет, двајцата тенисери ги добиваа гемовите на свој сервис се до 18-тиот (последниот), кога Надал не освои ниту еден поен, па Ѓоковиќ го доби сетот со 10-8, за конечни 3:2 во сетови.
 
Ѓоковиќ за противник во финалето закажано за утре ќе го има Јужноафриканецот Кевин Андерсон (8.носител) кој во епското  полуфинале, кое се играше 6 часа и 41 минута во пет сета го победи Американецот Џон Изнер. Последниот сет траеше безмалку три часа, а Андерсон го доби со 26:24.