Ѓоковиќ позитивен на коронавирус
Новак Ѓоковиќ, шампионот на Вимблдон и Австралија опен и моментно најдобар тенисер во светот, е позитивенна коронавирус.
Sветскиот рекет број еден веднаш по пристигнувањето од „Адрија тур“ во Задар, го посети својот лекар во Белград, каде што беше тестиран и наодите, за жал, се позитивни.
Неговата сопруга е исто така позитивна, а децата немаат вирус.
Иако не чувствувал никакви симптоми, што би укажало на присуство на вирусот во неговиот организам, Новак инсистирал да направи тестови на коронавирус при пристигнувањето во Белград.
Она што е познато од порано е дека член на неговиот тим, кондицискиот тренер, Марко Паникио, кој беше тестиран во Задар, исто така беше позитивен на тестирањето.
Тренерот на Новак, Горан Иванишевиќ, беше тестиран првпат пред пет дена, наодите беа негативни, како и оние што беа извршени во последните два дена.
Се започна кога беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој во саботата се откажа од натамошно натпреварување на „Адрија тур“ е позитивен на вирусот.
Подоцна беа тестирани уште 22 лица кои беа на турнирот во Задар, и тројца имаа позитивни резултати, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, тренерот на Григор Димитров, Кристијан Грох и кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паникио.
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО