Тенис
21. April 2022 - 19:43

Ѓоковиќ подобар од Кецмановиќ

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот Србија ОПЕН во Белград и тоа повторно со многу проблеми како во претходната рунда.. Ѓоковиќ во четвртфиналето го загуби првиот сет но успеа да направи  пресврт и да  го елиминира сонародникот Миомир Кецмановиќ со 2:1 во сетови и тоа со 4:6,6:3,6:3.