Тенис
8. January 2018 - 11:13

Ѓоковиќ подготвен за ОП на Австралија

Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ преку истаграм најави дека е подготвен за настап на првиот Грен Слем во Мелбурн каде има дури 6 трофеи. 

Српскиот тенисер поради хронични проблеми со лактот нема официјален настап од четвртфиналето на Вимблдон а сомнежите дека бргу ќе се врати на тениските терени пораснаа по откажувањето на настапите во Доха и Абу Даби.