Ѓоковиќ по деветти пат го освои Австралија опен
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е победник на годинашното издание Австралија опен. Србинот до деветтиот трофеј и трет во низа на Грен слемот во Мелбурн дојде по релативно лесната победа над Данил Медведев претпладнево во финалниот меч кој траеше нешто помалку од два часа.
Во првиот сет Ѓоковиќ на Русинот му препушти 5 гема (7:5), а следните два сета ги доби со по 6:2.
Ѓоковиќ покажа дека и натаму е неприкосновен кога се работи за првиот Грен слем во годината и доминантен во светскиот тенис. Тој ја оправда фаворитската улога. За него ова беше 18-та Грен слем титула. Му остануваат само уште две да се изедначи со рекордерите, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Од друга страна, четвртиот носител на турнирот, доживеа пораз по серија од 20 победи, воедно го загуби и своето второ финале на Грен слем турнирите.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда