Тенис
15. January 2022 - 9:18

Ѓоковиќ пак во притвор | ВИДЕО

Откако Австралија повторно му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, по новото сослушување е вратен во притвор и времето до конечната пресуда ќе го мине во истот хотел за мигранти, „Хотел Парк“, во кој беше сместен и по пристигнувањето во Австралија.

Тоа значи дека најдобриот тенисер на светот ќе мине уште најмалку една ноќ на тоа место со оглед на тоа што соопштувањето на конеччната одлука е предвидена за во 9.30 по локално, однонос вечерва во 23.30 по средноевропско време.

Медиумите објавија фотографии од Ѓоковиќ при доаѓањето во Карлтон, каде што се наоѓа хотелот. Тој е облечен во зелени тренирки, носи бела маска и, како што пишуваат австралиските медиуми, бил мирен и сталожен.

Пред хотелот имало собрано десетина демонстранти, а околу 200 луѓе се собрале на протест и во Мелбурн Парк, пред Род Лејвер арената, местото каде што се игра Австралија Опен.