Тенис
26. September 2015 - 16:48

Ѓоковиќ најдобар, Федерер најплатен!

Според престижниот магазин Форбс Роже Федерер минатата сезона од јуни 2014 до јуни 2015 година заработил најмногу од сите тенисери, вкупни 67 милиони долари додека најдобриот тенисер на денешницата , Новак Ѓоковиќ  е втор со 48,2. 

Во овие бројки се вкалкулирани наградите од турнирите и  парите од спонзори. 
На третото место е Рафаел Надал со 32,5 милиони. 
Кај дамите прва е Марија Шарафова со 29,7 милиони   ( 23 од спонзори) пред Серена Вилијамс на второто место.