Тенис
10. May 2016 - 12:51

Ѓоковиќ: Ми местат афери но јас сум луд Србин и ќе победам!

Во последните 5 месеци се води голема медиумска хајка против најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ а за жал таа е поддржана и од Енди Мареј и Серена Вилијамс. 

Прво се ширеа дезинформации за допинг и местење натпревари, а воедно му наместија и секс афера со една руска манекенка. 

Во моментов против Ѓоковиќ  во тек се нападите од страна на тенискиот свет поради неговата лошо протолкувана изјава дека машките тенисери треба да бидат повеќе платени од женските. Ноле на тоа одговори „ Ме кршат психолошки, пред се светските медии.  Ги спинуваат моите изјави и измислуваат разни афери кои немаат врска со тенисот. Но јас сум луд Србин  и како што изјавив неодамна има доволно инат во мене и желба за докажување и тоа ме турка напред“ изјави најдобриот светски тенисер за  италијанскиот „Спорт Газета“.