Loading Video...
Тенис
30. January 2020 - 16:02

Ѓоковиќ лесно преку Федерер до финалето на АО

Новак Ѓоковиќ е првиот кој обезбеди пласман во финалето на Австралија опен на машкиот дел од турнирот. 
 
Во јубилејната 50-та пресметка го големиот ривал
 Роџер Федерер, вториот носител Ѓоковиќ полесно од очекувањата го доби полуфиналниот меч со убедливи 3:0 по сетови 7-6, 6-3 и 6-3.
 
На тој начин Србинот кој и лани беше победник в о Мелбурн, се избори за ново финале во кое ќе атакува на осмиот трофеј. 
 
Кој ќе биде негов противник во финалето ќе дознаеме утре по мечот меѓу Австриецот, Доминик Тим и Германецот, Александер Зверев кои го сочинуваат вториот полуфинален пар кај мажите