Тенис
17. January 2019 - 14:53

Ѓоковиќ лесно преку Цонга до 3.коло на АО

Фаворитот број еден на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ немаше големи проблеми во дуелот од 2.коло во кое го победи Фрамнцузинот. Жо Вилфред Цонга во три сета со 6-3, 7-5 и 6-4. 
 
Затоа пак четвртиот носител Германецот, Александер Зверев одигра пет сета во дуелот со Французинот, Жереми Шарди, 
 
8-носител Кеи Нишикори место во следната рунда обезбеди по голема борба и четири часа игра во дуелот со Иво Карловиќ кого го совлада со 3:2 во сетови.
 
Канаѓанецот, Милош Раониќ (16-носител) се пласираше во третото коло со победата над Станислав Вавринк со 3:1.
 
Кај дамите.
 
Најдобрата тенисерка во светот, Симона Халеп се измачи во мечот против Американката, Софија Кенин, која на крајот ја совлада со 2-1 во сетови, па во следната рунда Романката, ќе има тешка задача во дуелот против Венус Вилијамс која во три сета беше подобра од Французинката, Корнет. 
 
Нејзината сестра, Серена (16-носителка), на Канаѓанката, Бушар и препушти по два гема во двата сета. 
 
Пласман во третото коло обезбеди и 4-тата носителка, Јапонката, Осака, како и шестата Елена Свитолина од Украина.