Loading Video...
Тенис
9. May 2022 - 11:09

Ѓоковиќ и Швјонтек и натаму лидери на АТП и ВТА листите

Новак Ѓоковиќ ја започна 369-та недела на врвот на АТП листата. 
 
Иако беше елиминиран во полуфиналето на турнирот во Мадрид, Србинот останува лидер на АТП листата сега со 270 бодови повеќе од Русинот, Данил Медведев кој е второ рангиран. По нив следуваат, Германецот Александар Зверев, Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас. 
 
Најголем прогрес направи победникот во Мадрид, Карлос Алкараз кој  напредуваше три позиции и сега е шестиот. 
 
Во Топ 10 се и Русинот, Андреј Рубљев, Италијанецот, Матео Беретини, Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим и Норвежанецот Каспер Руд. 
 
Иако не настапи на турнирот во Мадрид, полската тенисерка Ига Швјонтек и натаму е водечка на ВТА листата. Сега зад неа е чешката тенисерка Барбора Крејчикова, која на третот место ја потисна Паула Бадоса. 
 
Најголем нарпредок направи победничката во Мадрид, Тунижанката, Онс Жабер, скокна три места и сега е седмо рангирана, а најголем пад и тоа од 4 места бележи Арина Забаленка која сега е осма. 
 
Нашата тенисерка Лина Ѓорческа падна позиции во однос на минатата недела и сега е на 288-то место на ВТА листата.