Loading Video...
Тенис
22. April 2019 - 16:43

Ѓоковиќ и Осака остануваа на врвот на тениските ранг листи

Понеделнички вообичаено се објавуваат и најновите тениски рангирања. Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака остануваа на врвот на тениските ранг листи. 
 
Ѓоковиќ кој беше елиминиран во четвртфиналето на Мастерот во Монте Карло ја сочува убедливата предност во однос на второ рангираниот Рафаел Надал. 
Редоследно меѓу најдобрите пет се и Александер Зверев, Роџер Федерер и Доминик Тием. Единствената промена во „Топ 10“ ја направи Кевин Андерсон кој скокна на шестата позиција пред Кеи Нишикори.
 
Победникот во Монте Карло, Фабио Фоњини сега е 12-ти, додека финалистот  Душан Лајовиќ, е на 24-тата позиција.
 
Кај демите нема никакви промени во „Топ 10“, па и натаму лидер е Јапонката, Наоми Осака пред Симона Халеп од Романија и чешките тенисерки Петра Квитова и Каролина Плишкова