Loading Video...
Спорт плус
26. January 2020 - 14:47

Ѓоковиќ и Федерер во четвртфиналето на АО

На првиот Грен слем тениски турнир во годината, Австралија Опен, познати се два пара за четвртфиналната рунда.

2.носител на турнирот Новак Ѓоковиќ пласман во четвртфиналето обезбеди без загубен се во дуелот против Аргентинецот, Шварцман кого го совлада со 6-3 и на двапати со 6-4. 
 
Србинот во четвртфиналето за противник ќе го има Канаѓанецот, Милош Раониќ кој со 3:0 во сетови го победи Хрватот, Чилиќ. 
 
Рожер Федерер кој е трет фаворит во Мелбуирн, во осминафиналето против Унгарецот, Фучовиќ го загиби првиот сет со 6-4, но следните три ги доби убедливо со 6-1 и двапати со 6-2. 
 
Швајцарецот во четвртфиналето ќе игра против Американецот, Тенис Сандгрен кој направи изненадување со елиминацијата на 12-носител Италијанецот, Фоњини совладувајќи го со 3:1 во сетови.