Loading Video...
Тенис
22. January 2020 - 16:53

Ѓоковиќ и Федерер рутинирано во третата рунда на АО

Без поголеми изненадувања минаа денешните натпревари во Мелбурн, барем кога во прашање се мажите. 
 
Вториот носител Новак Ѓоковиќ експресно во три сета го совлада Иапонецот, Ито препуштајќи ми само седум гема на противникот. 
 
Поубедлив беше 3-тиот фаворит Роџер Федерер кој на Србинот, Крајановиќ му дозволи да освои по 1, 4 односно повторо 1 гем во третиот сет. 
 
Од носителите во 3.коло ќе играат и Баутиста Агут, Фоњини, Лајовиќ и Раониќ, додека својот настап по втората рунда го завршија Беретини и Бугаринот, Димитров.