Тенис
9. May 2016 - 8:39

Ѓоковиќ го освои Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на АТП Мастерс турнирот во Мадрид. 
 
Светскиот рекет број 1 во финалниот меч на турнирот од серијата АТП 1000, во три сета го порази минатогодишниот победник Британецот, Енди Мареј, во дуел кој траеше 2 часа и 6 минути. 
 
Србинот го доби првиот сет со 6:2. Во вториот Мареј возврати со 6:2, а во решавачкиот трет сет одново Ѓоковиќ беше оној кој ја наметна својата игра па истиот го реши во своја полза со 6:3 за конечни 2-1 во сетови.
 
За Ѓоковиќ ова беше 23.победа во вкупно 32-та меѓусебни дуела со британскиот тенисер, кој покрај загубената титула во Мадрид, го загуби и второто место на АТП ранг листата, на кое сега врати Швајцарецот, Роџер Федерер.
 
Ова беше 29-та Мастерс-титула во кариерата за Ѓоковиќ, воедно вкупно 64.торфеј од АТП турнирите.