Тенис
18. April 2018 - 17:00

Ѓоковиќ го елиминира Хрватот Чориќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на турнирот во Монте Карло откако во динамичен и неизвесен меч успеа во два сета со 7-6 и 7-5 да го совлада се подобриот хрватски тенисер Борна Чориќ. 

Ѓоковиќ имаше многу проблеми на мечот но сепак успеа да направи брејк-кога беше најпотребно и да ја реализира дури 10-тата сет-меч топка што му донесе по подолго две врзани победи на еден турнир.