-->
-->
Ѓоковиќ е првиот тенисер кој заработил 100 милиони долари
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот кој од тениските турнири заработич 100 милиони долари.
Ѓоковиќ кој досега имаше заработено 99.673.404 долари од тениските турнири, со денешната победа над Роберто Баутиста Агут, а во рамките од 4.коло на „Роланд Гарос’’, со пласманот во четвртфиналето заработи 294.000 евра или 331.000 долари, со кои ја мина границата од 100 милион.
Слична шанса како и Ѓоковиќ пред почетокот на Отвореното првенство на Франција имаше и Роже Федерер кој досега има заработено 98.011.727 долари, но Швајцарецот го откажа своето учество на „Роланд Гарос’’.
Прв кој од настапи на турнири во светот на спортот ја мина границата од 100 милиони долари беше американскиот голф играч Тајгер Вудс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката