Тенис
7. September 2020 - 11:44

Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од САД опен, откако во првиот сет од дуелот со Пабло Карењо-Буста упати едно топче кон линиската судијка на турнирот и несакајќи ја погоди во вратот.
 
При резултат 6:5 за Шпанецот, Србинот пресилно го удри топчето кон аут-линијата, и ја погоди судијката, на која и беше потребна медицинска помош.
 
И покрај убедувањето со организаторите на турнирот, правилата се јасни и за ваков „престап“ следува директно исклучување од турнирот.