Loading Video...
Тенис
19. November 2018 - 11:20

Ѓоковиќ 2018-тата ја завршува убедливо прв

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ 2018-тата година ја завршува како најдобро рангиран во светот.  
 
Иако вчеравечер го загуби финалето на завршниот АТП Мастерс во Лондон, сепак Ѓоковиќ и претходно го имаше обезбедено 1.место на АТП ранг листата. 
 
Тој годината ја завршува со 9.045 поени или 1.565 повеќе од Шпанецот, Рафаел Надал, кој поради повреда не настапи на последните турнири. 
 
Трета на листата е Роџер Федерер кој, својот лјубилеен 100-трофеј ќе го брка на почетокот на 2019-та. 
 
Победникот на Мастерсот во Лондон,  Александар Зверев сега се проби на четвртата позиција, потиснувајќи го за едно место Аргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро. 
 
Во ТОП-10 годината ја заврпуваат: Кевин Андерсон, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеи Нишикори и Џон Иснер.