Ѓерлек: Имунизацијата во Србија ќе биде готова до јуни, досега за вакцинација пријавени над 110.000 лица
Доколку Србија ги добие сите договорени дози на вакцини, имунизацијата на граѓаните на Србија ќе биде готова до средината на јуни годинава, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек.
Ѓерлек во интервјуто за Политика посочи дека Србија е меѓу ретките земји во светот што во јануари и февруари ќе има 500.000 дози од руската вакцина „Спутник V“, еден милион дози кинеска вакцина и 300.000 „Фајзер“.
Тој кажа дека „никој што ќе аплицира за вакцинација нема да остане без вакцина“, додавајќи дека премиерката Ана Брнабиќ најавила дека е планирана набавка на осум милиони вакцини, што значи дека четири милиони граѓани ќе можат да се вакцинираат.
-Повеќе од 110.000 граѓани, претежно млади, од понеделникот до денеска се пријавија преку веб-страницата е-управа со желба да се вакцинираат против Ковид 19, изјави Ѓерлек.
Според него, иако во Србија на почетокот имало најголем интерес за руската вакцина Спутник V, сега граѓаните подеднакво аплицираат и за неа, и за кинеските и за вакцините на „Фајзер“.
Ѓерлек посочи дека од утре граѓаните ќе можат да аплицираат за вакцинација и преку телефонски број.
-Може да се случи во одреден момент да ја немаме на залиха вакцината што некој ја сака, што го продолжува времето на чекање за имунизација. Но и покрај тоа, ние ќе останеме доследни секој да може да избере која вакцина сака да ја земе, кажа Ѓерлек.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација