Џет-Сет
12. July 2016 - 8:46

Гитаристот на „Аеросмит“ се онесвести за време на настап

Гитаристот на легендарната група „Аеросмит“, Џо Пери се онесвести на бината за време на настап во Њујорк, по што веднаш е пренесен в болница. 

Како што јавија американските медиуми, инцидентот се случил во неделата вечерта во Бруклин, каде Пери настапувал со групата „Холивуд Вемпајарс“, во која членуваат и рокерот Алис Купер и актерот Џони Дип.

Според очевидци на настанот, 65-годишниот Пери одеднаш се затетеравил, по што се струполил на сцената.  

Алис Купер на својот налог на Твитер синоќа објави дека Пери „сега е во стабилна сосотојба заедно со неговото семјестви и има најдобра нега“. 

Причините за онесвестувањето на Пери официјално не се соопштени, но некои таблоди тврдат дека тој доживеал срцев удар.