Македонија
31. July 2022 - 16:41

Гир: Ако не го смените уставот, преговарачкиот процес ќе запре

Без промена на Уставот нема да има втора меѓувладина конференција, дециден е евроамбасадорот Дејвид Гир. Иако преговарачкиот процес е отворен и скринингот започна, наредната конференција ќе зависи од зацртаното во билатерален догвор со Бугарија, вели дипломатот. Но, дали ќе има промена на Уставот сепак ќе зависи само од Македонија, се оградува Гир, во интевјуто за Слободна Европа.

- Секако, тоа е суверена одлука за Северна Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија.

Евроамбасдорот во интервјуто без конкретен коментар за  евентуалниот референдум за преговарачката рамка, најавен од  опозицијата. Повторно вели  се работи за суверена одлука во која тој не сака да се меша, но посочи дека македонија веке го направила својот стратешки избор од кој во иднина ке има само корист.

Стратешкиот избор кој оваа земја го направи бројни години е да влезе во ЕУ и процесот сега започна. Зошто е важен. Има бројни јасни причини зошто оваа земја ќе има корист од членството во ЕУ и ЕУ ќе има корист да ве има како дел од семејството. На економска страна, ЕУ е најголемиот единствен пазар во светот и исто така ваш сосед. Ова нуди огромни можности за бизнис, за трговија, за инвестиции, за подобрување на животниот стандард и средствата за живот, за осигурување дека младите луѓе ќе ги развијат неопходните вештини да се натпреваруваат на пазарот на труд во овој поголем единствен пазар.

Гир не сакаше да ја коментира  средбата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, нагласувајќи дека е во постојан контакт со сите партии на македонската политичка сцена, со цел да да ја објасни позицијата на Брисел, но и да ја рзбере позицијата на другите. Евроамбасдорот потенцираше дека нема причина за загруиженост во врска со губење на националниот идентитет, наводната бугаризација или блокирања на процесот поради историски прашања, за што потврда дадоа, истакна тој, и првите луѓе на Европскиот совет и Европската комисија, Шарл Мишел и Фон Дер Лајен. Македонскиот јазик, истакна Гир, е вклучен во преговарачката рамка без појаснувања и фусноти, а унилатералните изјави се само вообичаен начин во ЕУ на кој засегнатите земји им даваат контекст на одлуките.