Македонија
22. November 2017 - 16:51

Гинекологија ќе бара обезбедување во ноќните часови

 Родилката која доби јадење зачинето со дрога вчера попладне на свое барање ја напуштила Клиниката за Гинекологија. Само еден ден по породувањето се потпишала дека сака да си замине, но го оставила бебето со ветување дека ќе се врати по него. Според информациите од ГАК, новороденчето било родено со пневмонија а 33 годишната скопјанка воопшто не знаела кога останала бремена. Тројцата мажи што и го донеле сендвичот и кои биле насилни и агресивни со персоналот, го натера менаџментот на установата да бара дополнителна заштита во ноќните часови.

- Бидејќи немаме приватно обезбедување, а месечно плаќаме за клиничкото обезбедување, ќе бараме барем во вечерните часови еден од нив да престојува во нашиот објект. Тие и досега доаѓале но кога веќе е случен инцидент, вели Драгана Букилица, портпарол на ГАК

Случајот од пред два дена не е единствениот кога била загрозена безбедноста и на пациентирте и на вработените. Од Гинекологија велат дека се случувало нервозна пациентка да нападне сестра или да има физички закани кон доктори.

- Поради секакви причини доаѓа до инциденти овде на Гинекологија, вели Букилица

Од Гинекологија велат дека го раскинале договорот со претходната Агенција за обезбедување бидејќи им било многу скапо а немале доволно пари во буџетот.