Гигс: Не го чепкајте Де Хеа, тој останува врвен голман
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс ја коментираше ситуацијата околу голманот Давид де Хеа.
Шпанецот направи неколку невообичаени грешки оваа сезона и веќе се зборува дека на „Олд Трафорд“ се размислува да го замени со Дин Хендерсон.
Сепак, Велшанецот смета дека ова не е добра идеја.
– Мислам дека падот на формата на Давид не е толку голема како што велат некои луѓе. За мене тој останува врвен голман. Доаѓањето на Алисон и Едерсон во Ливерпул и Манчестер Сити не изгледаше добро за него, но тој продолжува да е меѓу најдобрите голмани во светот. Сум играл со него, го тренирав и знам дека тој е брилијантен голман, иако во последно време направи повеќе грешки отколку во последните пет-шест сезони, но според мене одбраната пред него не е доволно стабилна и воопшто не му помага. Такво нешто не е добро за ниту еден голман. Но, Де Хеа е врвен, врвен голман. Кога ќе започнете да експериментирате со голманската позиција, тоа може да биде опасно, како што научивме по замената на Шмајхел. Мислам дека сега не е време Манчестер Јунајтед да го замени, рече Гигс.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024