Живот
19. February 2019 - 14:35

Ги знаеше целиот свет: Почина морнарот од култната фотографија од Њујорк од прославата на крајот на војната

Џорџ Мендонза, американскиот морнар од кулната фотографија „Бакнеж“ од 1945 година на која бакнува медицинска сестра на Тајмс сквер, прославувајќи го крајот на Втората светска војна, почина на 95 години.

Мендонза почина во неделата во дом за старци во Мидлтаум во сојузнната држава Роуд Ајленд, каде живеел со сопругата, со која во брак поминал дури 70 години, соопшти неговата ќерка Шерон Молеур.

Мендонза на култната фотографија ја бакнува Грета цимер Фридман, забна техничарка која почина во 2016 година.

Фотографијата ја сними славниот Алфред Ејзенштад на 14 август 1945 година, на денот кога Јапонија и се предаде на САД, па луѓето излегоа на улиците на Њујорк за да ја прослават добрата вест. Стана симбол на крајот на Втората светска војна и една од најславните фотографии на 20. век.

Џорџ и Грета не се познавале. Тој за време на војната служел како морнар на воен брод и токму му завршило отсуството кога разбрал дека војната завршила. За бакнежот на Тајмс сквер говореше кога му доделија одлукување во 2015 година. Рече дека Грета го потсетила на медицинските сестри од воената болница кои се грижеле за ранетите морнари.

Во интервјуто од 2005 година Грета рече дека се се случило наеднаш.

„Само дојде, ме зграпчи и ме бакна. Тоа навистина беше прослава, ништо романтично“, раскажа таа.

Ејзенштад напиша во една своја книга дека тој дена трчал по Тајмс сквер барајќи интересен мотив.

„Ги здогледав и го овековечив моментот. Да имаше таа темна облека, никогаш не би ја направил фотографијата“, напиша тој.