Свет
11. July 2017 - 11:12

Ги засени и Путин и Трамп и Меланија: Ова е најслаткиот гостин на Самитот Г20

Канадскиот премиер Џастин Трудо пред неколку дена допатува во хамбург за да присуствува на Самитот Г20, во друштво на својата сопруга Софи и тригодишниот син Адриен.

Малечкиот Адриен го украде шоуто на своите родители, но и на останатите политичари, зошто сите очи беа вперени токму во него.

Тој излезе од авионот и одејќи меѓу своите родители, прими букет цвеќе од домаќините, а потоа гордо прошета по црвениот килим.

Адриен е најмладиот син на канадскиот премиер и неговата сопруга и често го водат на јавни настапи.