Живот
6. April 2017 - 15:16

Ги загубил децата и сопругата во авионска несреќа: Неговата одмазда преточена во филм

Во авионска несреќа во 2002 година кога над Германија авион се судрил со друг авион, Русинот Виталиј Ковалев ги загубил сопругата Светлана, синот Константин и ќерката Дијана. Тој бил убеден дека за несреќата е виновен Петер Нилсон, кој работел сам во контролата на летање кога била несреќата.

Воден од својата болка по најблиските, Виталиј го пронашол и го следел  Петер Нилсен (36) и го убил во неговиот двор!

Во трагичната несреќа која однесе 71 жртва, од кои 45 деца, 15 возрасни, девет члена на екипажот и двајцата пилоти, Калоев во 2002 го згауби семејството – 4 годишната ќерка, 10 годишниот син и сопругата.

Питер Нилсен на денот на несреќата бил сам во контролата за летање во Цирих. Тој дал предупредување до патничкиот авион во кој било семејството на Калоев, дека се доближува карго – авион, само 44 секунди пред судирот.

Семејствата на загинатите го обвинувале Питер Нилсен за несреќата, но тој бил ослободен од одговорност, а авио компанијата им понудила на роднините на згаинатите пари за да не покренуваат тужби. Виталиј инсистирал да се сретне со Нилсен но неговото барање било игнорирано.

Тој ангажирал приватен детектив кој пронашол каде живее контролорот на летање.

avion

По две години Виталиј  влегол во дворот на Питер Нилсен и го пробол со нож во стомакот, убеден дека вината за несреќата е негова.

Виталиј бил уапсен, тврдел дека не се сеќавал што сторил. Бил осуден на 8 години затвор во Швајцарија, но во 2007 бил ослободен.

Трагичната приказна е основа за новиот филм „Aftermath“ во кој Калоев го игра Арнолд Шварценегер.

Виталиј вели дека не бил консултиран за ниту еден аспект во врска со филмот кој ја раскажува неговата животна приказна.