Ги видов Јелена и Зоран како се караат - нов сведок открива што се случило кобниот ден
Човек кој живее покрај стадионот кај насипот во Црвенка, каде што е пронајдена свирепо убиената Јелена Марјановиќ, тврди дека ја видел пејачката со сопругот Зоран кобната сабота на 2. април, кај рампата на почетокот на патеката за трчање.
Тој, како што велат неговите соседи, стоел недалеку од нив и слушнал што зборувале, а сето тоа го пријавил во полиција.
Тој тврди, а тоа и го кажал и на полицијата дека ги видел уште додека биле во автомобилот. Бидејќи ја познавал Јелена од порано, го свртел вниманието кон нив. Дури и сакал да ја поздрави, но се откажал бидејќи слушнал врева во автомобилот.
Всушност, тврди тој, Јелена и Зоран се расправале околу нешто и тонот на Зоран бил многу висок. Јелена прва излегла од автомобилот, по неа излегол сопругот со ќеркичката Јана. Тој продолжил да зборува.
- Соседот вели дека видно се расправале. Веднаш другиот ден се јавил во полиција и се им раскажал, изјави локален жител на Црвенка.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите