Бизарно но вистинито
19. February 2017 - 10:59

Ги силуваат, тепаат, гасат цигари од нив: Ужасни приказни на жени кои работат како куќни помошнички

 
Несреќните жени кои работат како куќни помошнички во Азија и Блискиот Исток се одлучиле да ги споделат своите ужасни приказни за злосторствата кои ги претрпеле од нивните работодавци.
 
Една од нив е Сузи, чие вистинско име е Тутик Лестари Нингиш, која открила дека газдарицата постојано ја тепала и дека ситуацијата се влошила кога и рекла дека ќе и го убие целото семејство во Индонезија.
 
- Прв пат ме удри на денот на исплатата. Ми рече да се потпишам на еден лист, а јас прашав „зошто, кога веќе ги добив парите?“. После тоа ме удри, вели Сузи (30).
 
Таа речиси една година работела во Хонг Конг, кај Лау Уан Тунг која и се заканувала ја тепала и заклучувала.
 
- Ми дозволуваше да спијам само од 6 до 10 часот наутро. Тоалетот можев да го користам само три пати на ден и немав слободен ден. Ништо не ми дозволуваше, открива оваа несреќна девојка.
 
Таа додава дека нејзината газдарица и се заканувала со убиство на целото семејство.
 
- Ми велеше: Ако се обидеш да избегаш, ќе те најдам и ќе те убијам тебе и целото твое семејство. Бев преплашена. Го издржував тепањето, надевајќи се дека нема да ме убие, затоа што имам мал син.
 
Ова била прва работа во Хонг Конг за Сузи, таа не знаела ништо, дури ни да го користи телефонот.
 
- Многу ја мразев, но не знаев како да се изборам за себе, додава.
 
Сузи успеала да побегне од канџите на таа луда жена, кога ја побарало нејзиното семејство. Таа се вратила дома, но не ја пријавила газдарицата, поради страв од заканите.
 
Потоа дознала дека другата помошничка, Ервијана, која работела кај истата жена после седум месеци завршила во болница.
 
- Веднаш одлучив јавно да кажам што ми се случуваше. Ако не го направев тоа, после мене ќе злоупотребуваше и други жени. Не сакав уште некој да мине низ тоа што го претрпев јас.
 
Сузи и Ервијана дведочеле против газдарицата која била осудена на шест години затвор.
 
Но овие две жени не се единствени. Слична судбина доживеале многу други жени од цела Азија.
 
- Газдарицата ми ја маваше главата од ѕид и ме поливаше со врела вода. Гасеше цигари од мојата кожа, велејќи дека тоа е казна за моите гревови, вели Бет (20) од Филипини.
 
- Ја зеде вилушката која претходно ја загреа и ми ја стави на рака...чудо... како во него да влезе ѓаволот, - вели уште една жена за својот работодавец.
 
На Мери Грејс и биле потребни пари за да го прехрани семејството. Работела на две места, но секогаш била гладна. Еднаш дури се онесвестила додека купувала намирници.
 
Се разбудила во возило на Брза помош и сфатила дека болничарот сексуално ја злоупотребува. Се обидела да го пријави нападот во болницата, но сестрата и рекла да молчи.
 
Ја напуштила Малезија со празни џепови.