Свет
11. January 2018 - 8:33

ОН ги поздравува преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја

– Советот за безбедност на ОН ги поздрави преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја, нагласувајќи дека се отвораат можности за доверба на Корејскиот полуостров.

Советот изрази надеж дека дијалогот меѓу двете држави ќе ги намали тензиите и ќе доведе до денуклеаризација на полуостровот.

Соопштението беше издадено по брифинг зад затворени врати за средбата меѓу високи претставници на Северна и на Јужна Кореја свикан по барање на Шведска и Полска.